Достапни линкови

Дерала - И Македонија во голем ризик од терористички напади


Џабир Дерала, претседател на Цивил.

Џабир Дерала, претседател на Цивил.

По терористичките напади во Франција и рациите во џихадистичка ќелија во Белгија, во Европа настана тревога поради можни нови напади. Поради својата геостратешката положба, Македонија е дел од овој проблем и не е заобиколена од ризиците за проширување на тој терористички или антитерористички фронт, вели Џабир Дерала, претседател на невладината организација „Цивил“.

Господине Дерала по терористичките напади во Париз и минатонеделните рации во џихадистичката ќелија во Белгија, во Европа настана тревога поради можни нови напади. Какви се опасностите за Македонија од ваквите случувања?

Тероризмот е глоболна појава и трагичните настани, крвавите настани во Париз и се разбира рефлексијата во Белгија и сите останати настани кои ќе следат неминовно по овие акции ја подразбира Македонија како дел од големиот проблем кој трае веќе подолго време и секако дека Македонија не ја заобиколуваат дури и поради нејзината геостратешка состојба ризиците и тоа многу сериозните ризици за проширување на тој терористички, односно антитерористички фронт. Акциите кои ги преземаат терористите нема да се ограничат само на неколку земји во јадрото на Европската унија, туку тие ќе одат и многу пошироко. Во контекст на Македонија и нејзината структура општествена, етничка, културна и секако политичка, а и безбедносна, знаеме дека Македонија е во голем ризик, многу сериозен и многу восок ризик.

Неодамнешните проценки беа дека дваесетина македонски државјани како доброволци заминале на боиштата во Сирија и во Ирак. Какви се ризиците од можното нивно враќање во Македонија?

Доколку не останат таму, односно не загинат таму, секако дека нема каде да се вратат, освен ако не бидат прекомандувани во некои други земји и нормално е дека тие ќе се вратат овде и она што можеме да го очекуваме со нивното враќање, а не верувам дека се само дваесет, е тие да бидат сериозно афектирани и да го носат оној така наречен Рамбо синдром и тие нема да бидат сосема интегрирани, односно реинтегрирани во општеството што е природата на нивната работа. Мислам дека тоа е еден сериозен ризик кој произлегува и од низа други околности коишто се однесуваат и на безбедносната структура, безбедносната состојба во Македонија и тоа е сериозен ризик.

Можно ли е овие луѓе да се запрат некако од заминување на тие боишта?

Не можете да ги затворите границите, слободата на движењето е загарантирана за сите, иако таа се загрозува во низа случаи, како што гледате во последно време и на Ромите се ограничува излезот од државата што е кршење на човековите права, тоа што ние треба да го направиме е како општество, меѓутоа исто така и како држава, институции, е да обезбедиме услови да ги демотивираме, односно да ги анулираме причините за мотивот да се појде на боиште такво какво што е предизвикано или водено од страна на Исламската држава.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG