Достапни линкови

logo-print

СДСМ – 50 илјади евра за едно паркинг место во катните гаражи


СДСМ обвини дека премногу пари се трошат за изградба на катни гаражи во Скопје кои не се квалитетно изградени. Партискиот портпарол Петре Шилегов денеска на прес-конференција рече дека за шест катни гаражи во Скопје досега се потрошени над 72 милиони евра и оти според нивните проценки за едно паркинг место се потрошени околу 50 илјади евра.

„Ако веќе катните гаражи чинат милиони, барем да беа саглам направени. Но, ја немаме ни таа среќа“, рече Шилегов.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, одговори дека катните гаражи се изградени за да се реши сообраќајниот метеж кој владее во градот и требало многу порано да се изградат како во Скопје, така и во останатите градови во Македонија.

СДСМ се обидува да ги проблематизира катните гаражи, иако целокупната постапка за нивна изградба е водена законски, а за секоја катна гаража е одржана електронска аукција, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG