Достапни линкови

logo-print

Шкотска добива поголеми овластувања


Британската влада објави нацрт-закон со кој ѝ се даваат поголеми овластувања на Шкотска. Премиерот Дејвид Камерон, денеска во главниот град на Шкотска, Единбург, рече дека текстот предвидува „најголем дел од парите што ги троши шкотскиот парламент“ да доаѓаат од Шкотска, која има право да ги одреди стапките на данок на доход. Камерон рече дека законот ќе создаде „силна Шкотска, со сопствен идентитет и сопствени сили“ во рамките на Обединетото Кралство во кое се уште и Англија, Велс, Северна Ирска и неколку помали острови.

Шкотската премиерка, односно прва министерка Никола Старџон, пак, рече дека мерките предвидени со предлог законот не го исполнуваат во целост ветеното од Камерон пред ланскиот референдум за независност, на кој околу 55 проценти од гласачите гласаа Шкотска да остане дел од Обединетото Кралство.

XS
SM
MD
LG