Достапни линкови

Сепаратистите освојуваат нови територии во источна Украина


Илустрација.

Илустрација.

НАТО соопшти дека проруските сепаратисти во источна Украина ја прошируваат територијата што ја држат под контрола потиснувајќи ги украинските сили на запад. Командантот на силите на НАТО, американскиот генерал Филип Бридлав, денеска во Брисел рече дека ситуацијата на „линијата на контакт“ во источна Украина „не е добра“ и оти е загрижен дека бунтовниците преземаат територии од украинските сили. Тој рече дека НАТО „не е закана за Русија“ и оти само сака повторно да ги воспостави европските норми, како што се почитување на меѓународните граници и суверенитетот на нациите. Тој исто така рече дека Алијансата сака да ја обнови комуникацијата со шефот на генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов.

XS
SM
MD
LG