Достапни линкови

НАТО има намера да ги обнови контактите со руските воени лидери


Воениот командант на НАТО, американскиот генерал Филип Бридлав.

Воениот командант на НАТО, американскиот генерал Филип Бридлав.

НАТО соопшти дека има намера повторно да воспостави контакт со руските воени лидери по неколкумесечните тензии поврзани со конфликтот во источна Украина. Воениот командант на НАТО, американскиот генерал Филип Бридлав, денеска во Брисел изјави дека претставници на алијансата разговарале како повторно да ја обноват комуникацијата со високите воени соговорници од Русија, која „е важна“. Тој рече дека неколку високи воени лидери на НАТО одлучиле да ги обноват комуникациите со шефот на Генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов. Бридлав рече дека разговарал со Герасимов на почетокот на минатата година, кога руските сили напредуваа кон Крим.

XS
SM
MD
LG