Достапни линкови

logo-print

Сепаратистите парадираа со заробени украински војници во Доњецк


Проруските сепаратисти денеска парадираа со заробени украински војници во населба во Доњецк, каде што во експлозија на граната која погоди тролејбус претходно беа убиени најмалку шестмина цивили. Според извештаите, жителите фрлале со тврди предмети кон заробениците, ги навредувале и ги терале да клечат на коленици на автобуската станица, каде што беше погоден тролејбусот. Набљудувачите на ОБСЕ, кои го посетиле местото на настанот, соопштија дека виделе седум трупови. Сепаратистите и медицински претставници велат дека загинале 13 луѓе.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нападот врз тролејбусот.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук ги обвини бунтовниците и рече дека Русија треба да сноси одговорност.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров рече дека нападот е „монструозно ново злосторство“ на украинските сили и „сурова провокација“ заради поткопување на напорите за воспоставување мир.

Киев соопшти дека 16 повредени украински војници вчера биле заробени кога владините сили се повлекле од терминалите на аеродромот во Доњецк. Борбите за контрола врз аеродромот продолжуваат и денеска.

XS
SM
MD
LG