Достапни линкови

Договор со Грција, по моделот меѓу Приштина и Белград


За постигнување на таков договор треба едноставно старите спорови да се остават во минатото и да се гледа кон заедничката иднина, вели косовскиот министер Хачим Тачи.

Старите проблеми треба да се остават на страна и да се мисли на иднината, рече заменик претседателот на косовската влада и министер за надворешни работи Хашим Тачи кој е во официјална посета на Македонија. Тој вели дека ја подржува евроатланската интеграција на Македонија.

Даваме исто така поддршка за изнаоѓање на решение околу спорот меѓу Македонија и Грција. Како модел за постигнување на договор може да послужат и напорите кои ги прават Приштина и Белград. За постигнување на таков договор треба едноставно старите спорови да се остават во минатото и да се гледа кон заедничката иднина.

„Даваме исто така поддршка за изнаоѓање на решение околу спорот меѓу Македонија и Грција. Како модел за постигнување на договор може да послужат и напорите кои ги прават Приштина и Белград. За постигнување на таков договор треба едноставно старите спорови да се остават во минатото и да се гледа кон заедничката иднина“, рече Тачи по средбата со неговиот македонски колега Никола Попоски.

Министри потпишале два документи, еден за взаемна заштита на инвестициите, а со другиот се овозможува соработка меѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи. За следниот период се договориле да се одржи заедничка седница на владите на двете земји, да се олесни минувањето на границата и да се зголеми соработката во однос на европските интеграции.

Мислам дека во рок од неколку месеци, во најкраток можен рок ќе се обидеме ова да биде операционализирано бидејќи е во интерес на граѓаните.

Попоски рече дека наскоро граѓани ќе можат само со лични карти да ја минуваат границата меѓу двете земји. Косовскиот министер се надева дека тоа прашање ќе биде решено до почетокот на летниот период, оти треба само да се доработат некои технички детали.

„Од наша страна веќе имаме предлог платформа доставена до Владата, во многу кратко време таа ќе ја размениме со косовската влада и мислам дека во рок од неколку месеци, во најкраток можен рок ќе се обидеме ова да биде операционализирано бидејќи е во интерес на граѓаните.“

Запрашан за тоа дали косовските власти имаат сознание за италијанска група која врбува Албанци за боиштата во Сирија, Тачи рече дека Косово претставува добар пример за делување против овие групи.

„Се разбира не можеме да останеме имуни на ваквите настани и на ваквиот опасен феномен, како и да е имаме воспоставено добра регионална соработка во насока на сузбивање на ова и ќе продолжиме со тие напори.“

На средбата се разговарало и за поблиска соработка во делот на инфраструктурата. Тачи напомена дека од косовска страна веќе се работи на автопатот Приштина -Скопје, инвестиција вредна околу 600 милиони евра, а тој очекува и македонската страна наскоро да почне да работи на делницата.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG