Достапни линкови

Амбасадорката на САД во ОН: руски план за окупација на Украина


Американската амбасадорка во Обединетите нации Саманта Пауерс изјави дека најновиот план на Русија за решавање на кризата во Украина не бил ништо друго од „окупациски план“. Таа во Советот за безбедност оцени дека сегашната ситуација била опасна и ја повика Русија да ја спроведе спогодбата за примирје постигната пред неколку месеци во Минск. Таа додаде дека новиот план на рускиот претседател Владимир Путин ја ослободува Москва од обврските што ги презеде со спогодбата од Минск. „Москва неколку пати со една рака нудеше маслиново гранче, а со друга им делеше ракети и тенкови на украинските сепаратисти“, изјави Пауерс. Рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин изјави дека Москва ја почитува спогодбата од Минск.

XS
SM
MD
LG