Достапни линкови

Прв состанок меѓу САД и Куба на високо ниво


Делегации на Соединетите држави и на Куба во Хавана одржаа прв состанок на такво ниво во изминативе 35 години. Првиот ден од разговорите им беше посветен на имиграциските прашања. Кубанските власти побараа од Вашингтон да не им дава дозвола за престој на Кубанците, што беше отфрлено од американската делегација. Денеска во Хавана ќе се разговара за повторно отворање амбасади на двете земји. На 17 минатиот месец претседателите Барак Обама и Раул Кастро соопштија дека ќе работат на нормализација на односите меѓу двете земји прекинати во 1961 година.

XS
SM
MD
LG