Достапни линкови

Договорено повлекување на тешкото оружје од Украина


Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер изјави дека Русија и Украина се договориле за процедурата за повлекување на тешкото оружје од источна Украина. Ова тој го соопшти по четиричасовните разговори во Берлин меѓу шефовите на дипломатиите од таканаречената кризна група што ја сочинуваат Германија, Франција, Русија и Украина. Договорено е оружјето да биде повлечено на 15 километри од линијата на раздвојување дефинирана со спогодбата за примирје постигната во минатиот септември во Минск. Штајнмаер оцени дека овој договор претставува напредок, но не и пробив во напорите да се постигне мировна спогодба за источна Украина каде што со месеци траат борбите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG