Достапни линкови

Авганистанскиот парламент не изгласа седум министри


Илустрација.

Илустрација.

Авганистанскиот парламент соопшти дека нема да го поддржи изборот на седуммина министри во авганистанската влада, поради тоа што имаат двојно државјанство. Пратениците денеска одбија да им дадат поддршка на министрите за внатрешни, надворешни работи, правда, труд, борба против дрогата, урбанизам и за култура и информации. Парламентот официјално го известил претседателот Ашраф Гани за оваа одлука и побарал тој да предложи други кандидати за министри. Претседателот Гани и неговиот противкандидат на изборите, а сега главен извршен функционер Абдула Абдула, три месеци преговараа за да ги договорат 27 министри во владата на единство, но парламентот одби да изгласа седуммина од нив.

XS
SM
MD
LG