Достапни линкови

logo-print

Претседателката на ПССЕ бара ослободување на украинската пилотка


Претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Ана Брасер, побара од спикерот на Долниот дом на рускиот парламент Сергеј Наришкин да помогне за итно ослободување на украинската воена пилотка Надја Савченко. Во писмото до Наришкин, Брасер изразува загриженост за здравјето на Савченко, која штрајкува го глад во затворот во Русија од 15 декември. Савченко беше избрана за пратеничка во украинскиот парламент на изборите во октомври, а Брасер бара нејзино ослободување за да може да присуствува на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа на 26 јануари во Стразбур.

Украинската пилотка е обвинета за вмешаност во смртта на двајца руски новинари убиени во конфликтот во источна Украина. Таа ги негира обвинувањата и тврди дека Русија нема право да ја гони.

XS
SM
MD
LG