Достапни линкови

logo-print

Алиев - Слободата на печатот е гарантирана во Азербејџан


Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев рече дека слободата на печатот и другите човекови права се гарантирани во неговата земја. Тој ова го изјави денеска по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Тој рече дека Азербејџан „нема проблем“ со ниското рангирање на листите на меѓународните организации за човекови права. Алиев се повика на неговата популарност во Азербејџан и рече дека резултатите од претседателските избори „докажуваат“ оти граѓаните го одобруваат тоа што го прави.

„Повеќе од 90 проценти од жителите ме поддржуваат“, рече тој.

Парламентарните и претседателските избори во Азербејџан беа остро критикувани од меѓународните набљудувачи и беа оценети како неслободни и нефер.

Организациите за човекови права, меѓу кои и Хјуман рајтс воч, побараа од Меркел да му ги посочи на Алиев податоците за затворени новинари, активисти за човекови права и опозиционери.

Азербејџанските власти често се мета на критики на меѓународните организации дека ја задушуваат слободата на медиуми и основните човекови права.

XS
SM
MD
LG