Достапни линкови

Франција ја зајакнува борбата против тероризмот


Илустрација.

Илустрација.

Франција соопшти дека ќе отвори нови 2680 работни места и ќе ги зголеми трошоците за 425 милиони евра за зајакнување на борбата против тероризмот. Премиерот Мануел Валс денеска предупреди дека има растечка закана од екстремистите, велејќи дека во моментов има потреба за надзор врз три илјади луѓе вклучени во „терористички мрежи“ ширум Франција. Во терористички напади во Париз овој месец беа убиени 17 луѓе. Обвинителството денеска соопшти дека четворица луѓе се обвинети за нападите.

XS
SM
MD
LG