Достапни линкови

Се намалува малолетничкото насилство во Куманово


Минатата година во Куманово имало 15 инциденти меѓу малолетници што покажува дека насилството се намалува во однос на 2013 кога имало 27 инциденти.

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи во Куманово пет години активно работи за намалување на насилство помеѓу малолетници во училиштата, меѓуетничко насилство, за целосно побезбеден живот во заедницата.

Доаѓаат нови генерации, кои стануваат полнолетни. Со активности со младите и нивно правилно насочување заложба е да се гради една добра основа, кога тие ќе станат возрасни да ја практикуваат меѓуетничката толеранција, соживотот и секој да даде свој допринос за безбедна заедница.

Според Виолета Богдановска раководител во Отсекот, минатата година статистиката покажала намален број на инциденти на 15 во однос на 2013-та кога бројката била 27. Од петнаесетте два случаја се конфликт помеѓу ученици од иста етничка заедница и исто училиште, но надвор од училиштето. Меѓунационални насилства помеѓу учениците немало можеби и затоа што училиштата им се на различни локации. Меѓутоа, вели Богдановска, веројатно заслуга има и заложбата на полицијата за промовирање на меѓуетничката толеранција и взаемно почитување, оти животот не е само во училиштата туку и во кафулиња, на други места во градот. Проектот опфаќа упатства за разрешување на конфликтите преку дијалог.

Виолета Богдановска.

Виолета Богдановска.

„Веќе четврта година се организира и заедничко одбележување на верските празници, Бајрам, Бадник, Велигден, празникот на српската заедница. Потоа спортски активности каде што се од мешани екипи, од повеќе етникуми и целта е не е само да се победи, туку повеќе дружење.“

Мислам дека е безбедно да се живее во Куманово, меѓуетничката состојба е смирена и нема проблеми. Само меѓуетничките односи се причина за немир, други работи се случуваат, ама не е страшно.

Богдановска појаснува дека ако во одреден период насилствата се во намален број, не смее да се заборави дека тоа е динамичен процес.

„Доаѓаат нови генерации, кои стануваат полнолетни. Со активности со младите и нивно правилно насочување заложба е да се гради една добра основа, кога тие ќе станат возрасни да ја практикуваат меѓуетничката толеранција, соживотот и секој да даде свој допринос за безбедна заедница.“

Богдановска смета дека секогаш треба да се будни не само полицијата, туку и останатите надлежни институции, младите, родителите. Ако уште од деца се научат на граѓанска совест, почитување на законот, соживот, потоа е се поинаку. Проектот секоја година предвидува и нови активности во сите шест општини (Куманово, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Липково ,Старо Нагоричино) што се во надлежност на СВР Куманово.

Граѓаните пак својата и безбедноста на градот ја гледаат зависно од тоа во каква средина живеат. Тие од мултиетничките средини се уште причината за нарушување на безбедноста ја гледаат во припадниците од другата заедница. Оние што живеат во средини во кои мнозинството од населението е од еден етникум велат дека се безбедни.

„Мислам дека е безбедно да се живее во Куманово, меѓуетничката состојба е смирена и нема проблеми. Само меѓуетничките односи се причина за немир, други работи се случуваат, ама не е страшно.“

РСЕ: Се чувствувате ли безбедно?

„Да ви кажам –не.“

РСЕ: Од која причина?

„Од меѓуетничките односи. Младите не се многу слободни за излегување, за шетање,за подоцна доаѓање дома.“

РСЕ: Вие живеете во мешана средина?

„Во мешана - да. Во попладневните часови веќе не е безбедно.“

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG