Достапни линкови

Путин планира посета на Унгарија наредниот месец


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Рускиот претседател Владимир Путин планира наредниот месец да ја посети Унгарија. Кремљ соопшти дека Путин на 17 февруари ќе оди во возвратна посета на Будимпешта, по посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва во јануари 2014 година. Ова веројатно е прва посета на Путин на Централна Европа по октомври 2014 кога во Белград присуствуваше на воена парада по повод годишнината од ослободувањето на Белград од нацистите во 1944 година. Портпаролот на Путин рече дека рускиот претседател нема да присуствува на церемониите по повод 70-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц во Полска, поради презафатеност.

Орбан, чија земја е членка на ЕУ и на НАТО, е под силни критики од западот поради неговите проруски ставови.

Минатиот месец Унгарија и Русија потпишаа договор за надградување на нуклеарната централа Пакс во централна Унгарија. Москва за изградбата на два нови блока во централата ќе ѝ позајми на Будимпешта 10 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG