Достапни линкови

logo-print

На Попоски не му е јасно зошто протестирале новинарите


Министерот за надворешни работи Никола Поповски рече дека не му е јасно зошто новинарите вчера протестирале за ослободување на нивниот колега Томислав Кежаровски. Тој рече дека реформите во медиумската сфера ќе продолжат и оти сите учесници во тој процес имаат свои одговорности.

„Повеќето од нас не разбираат за што беше протестот, бидејќи знаеме, сите беа информирани дека лицето кое го споменавте е на слобода. Мислам дека би било погрешно да носиме заклучоци врз основа на еден случај за целокупната слика“, рече Попоски на заедничка прес-конференција со неговиот австриски колега Себастијан Курц во Скопје.

Кежаровски беше осуден на две години затвор од Апелациониот суд, по што во петокот вечерта експресно беше однесен во затвор од неговиот дом каде што беше во домашен притвор. Тој беше привремено пуштен на слобода вчера, кусо пред протестот за негово ослободување, но треба да се врати на отслужување на затворската казна за еден месец.

XS
SM
MD
LG