Достапни линкови

Што не им а јасно на Курц и Попоски?


Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц во посета на Република Македонија. Курц се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц во посета на Република Македонија. Курц се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

На шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц не му е јасно зошто не се решава спорот за името, а на македонскиот министер Никола Попоски зошто протестирале новинарите.

Австрија е партнер на Западниот Балкан и сметаме дека земјите од овој регион треба да станат дел од Европската унија, изјави сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, по средбата со неговиот македонски колега Никола Попоски. Додаде дека спорот за името со Грција трае предолго и вети дека Австрија ќе изврши притисок и ќе направи сè што може за да внесе развој и динамика за решавање на ова прашање.

Според мое мислење, потребна е севкупна свесност на цела Европа дека нерешавањето на ова прашање може само да наштети, никому нема да помогне, ни на едните, ни на другите. За мене е сосема нејасно зошто по овој долг период нема никакво придвижување на работите во однос на овој спор.

„Според мое мислење, потребна е севкупна свесност на цела Европа дека нерешавањето на ова прашање може само да наштети, никому нема да помогне, ни на едните, ни на другите. За мене е сосема нејасно зошто по овој долг период нема никакво придвижување на работите во однос на овој спор. И едната и другата држава, како вклучени страни, имаат многу поважни работи за решавање“, вели тој.

Курц сепак истакна дека Австрија има одредени очекувања од Македонија во однос на реформите на економски и политички план.

Австрија и досега беше еден од главните поддржувачи и двигатели на овој процес и поддржувач на потребата Република Македонија да биде дел од ЕУ, а според денешните разговори, тоа ќе остане и во иднина.

„Ја замолувам опозицијата да се врати во парламентот, бидејќи тоа е местото каде што се води политички дијалог, а секако имам и голема желба за Македонија во којашто се вклучени и меѓуетничките односи коишто треба да функционираат беспрекорно“, изјави Курц.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски истакна дека посебно значајно е што годинава Австрија ќе биде домаќин на Виенската конференција, на која, како што рече ќе бидат упатени пораки и мерки за задржување на интеграциската агенда на земјите од регионот кон Европската унија.

„Австрија и досега беше еден од главните поддржувачи и двигатели на овој процес и поддржувач на потребата Република Македонија да биде дел од ЕУ, а според денешните разговори, тоа ќе остане и во иднина“, рече Попоски.

На прес-конференцијата по средбата меѓу двајцата дипломати беше истакната и важноста на слободата на медиумите за македонските евроинтеграции. Само со слободни медиуми може да се постигне жива демократија, потенцира Курц.

Коментар на оваа тема како и на забелешките од Брисел за недоволната независност на македонските медиуми во контекст на вчерашните протести за новинарот Томислав Кежаровски даде и министерот Попоски. Истакна дека реформите во медиумската сфера ќе продолжат, а сите учесници во тој процес имаат свои одговорности.

„Повеќето од нас не разбираат за што беше протестот, бидејќи знаеме, сите беа информирани дека лицето кое го споменавте е на слобода. Мислам дека би било погрешно да носиме заклучоци врз основа на еден случај за целокупната слика“, вели Попоски.

За време на престојот во Македонија, од лидерите на сите политички партии, Курц се сретна само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. На средбата била разговарано за македонските евроинтеграции, а од страна на Ахмети бил побаран засилен меѓународен ангажман за решавање на спорот за името.

Македонија и Австрија негуваат меѓусебна соработка и на други полиња, потенцира меѓу другото шефот на австриската дипломатија, посочувајќи дека Австрија е вториот по големина инвеститор во земјава со 437 милиони евра инвестиции и околу 50 компании застапени во Македонија.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG