Достапни линкови

logo-print

Ако Иванов стави потпис, законот оди на Уставен


Најдоцна до утре ќе се знае дали претседателот Иванов ќе го потпише законот за високо образование, ако тоа се случи следува поднесување на иницијатива пред Уставниот суд и граѓанска непослушност.

Претседателот Ѓорге Иванов најдоцна до утре треба да го потпише указот или со образложение зошто не го прави тоа да ги врати во собранието измените и дополнувањата на законот за високо образование, велат извори од собранието. Од кабинетот на Иванов и покрај истекувањето на рокот денеска се уште немаат никаков одговор каква одлука донел.

Ние не можеме да го почитуваме овој закон поради тоа што овој закон е противуставен и најмалку од тоа што ние можеме да го бараме е изготвување на нов закон заеднички.

Имено според член 38 од Законот за собрание претседателот на собранието, истиот ден по донесувањето, законот го доставува до претседателот на Републиката заради потпишување на указот за прогласување на законот.

Претставници на Студентскиот и Професорскито Пленум на средба со Иванов.

Претставници на Студентскиот и Професорскито Пленум на средба со Иванов.

Во истиот член од законот се наведува и дека во рок од седум дена од денот кога ќе му биде доставен законот заради потпишување на указот, претседателот на Републиката го потпишува указот за прогласување на законот или писмено го известува претседателот на Собранието доколку одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Измените беа донесени на 14 месецов односно минатата среда, а од собранието велат дека според нивната евиденција Иванов има рок до утре да го стори тоа бидејќи неофицијално иако законски не е прецизирано неделата не се смета во тој рок од седум дена.

Што конкретно ќе значи тоа, тоа не можам да кажам затоа што се уште не се знае, но веројатно ќе имаме некакви облици на граѓанска непослушност, бидејќи така е најавено, но во овој миг нема, ниту пак подготвеност за конкретна најава како би изгледало сето тоа.

Владимир Делов од Студенскиот пленум вели дека следна мерка што може да ја искористат ако претседателот го потпише законот е поднесување на иницијатива пред Уставниот суд, бидејќи, како што вели, законот е неуставен.

„Ние не можеме да го почитуваме овој закон поради тоа што овој закон е противуставен и најмалку од тоа што ние можеме да го бараме е изготвување на нов закон заеднички, тоа е некое барање на подолг рок и се однесува на некое барање претставено до самата влада“, вели Делов кој додава дека ниту една опција по стапувањето во сила на законот не е исклучена меѓу кои е и бојкот на наставата.

Професорката Катерина Колозова која е вклучена во активностите на Професорскиот пленум потсетува дека тие и во својот проглас во една од точките наведоа дека ако законот стапи во сила и Иванов го потпише ќе пристапат кон граѓанска непослушност.

„Што конкретно ќе значи тоа, тоа не можам да кажам затоа што се уште не се знае, но веројатно ќе имаме некакви облици на граѓанска непослушност, бидејќи така е најавено, но во овој миг нема, ниту пак подготвеност за конкретна најава како би изгледало сето тоа“, вели Колозова.

Инаку при средбата на претставниците на Студентскиот и на професорскиот пленум со Иванов на која тие побараа да не го потпише указот за законот, претседателот нагласил дека при одлуката ќе одлучувал не како професор, туку како државник.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG