Достапни линкови

Али Ахмети полесно повреден во сообраќајна несреќа


Лидерот на ДУИ Али Ахмети е полесно поврден, а неговиот возач потешко во сообраќајка што се случила изутрината околу 10 часот на патот Тетово-Гостивар.
Сообраќајката се случила кај наплатната рампа во близина на Тетово, кога патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски таблици, удрило во банкина, по што се запалило, информираат од МВР.
Во сообраќајната несреќа возачот на „аудито“ е потешко повреден, додека Ахмети поминал со полесни повреди. Двајцата се пренесени во Клиничката болница во Тетово.
Во моментот се врши увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител.

XS
SM
MD
LG