Достапни линкови

Лавров: нема да успее изолацијата на Русија


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го обвини Западот дека се обидува да ја изолира Русија и предупреди дека таквиот обид нема да успее. Говорејќи на прес конференција во Москва тој потенцира дека Русија не сака нова Студена војна и ги повика Соединетите држави да и се вратат на соработката. Лавров додаде дека Русија ќе направи се што може за да се реши кризата во Украина, но сугерираше дека Киев е виновен за постојаните борби на истокот на земјата. Лавров рече дека на денешниот состанок во Берлин со неговите колеги од Германија, Франција и Украина ќе побарал итен прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG