Достапни линкови

АИ ја критикува Македонија за забраната на исто полни бракови


Одобрувањето во македонскиот парламент на уставниот амандман со кој се забрануваат исто полни бракови ќе ја зацврсти дискриминацијата во земјата. Ова го оцени меѓународната невладина организација за човекови права Амнести интернешнал по усвојувањето на амандманот со кој бракот во Македонија се дефинира како унија единствено меѓу маж и жена. „Гласањето е уште еден придонес кон дискриминација, насилство и нетолеранција во Македонија врз база на сексуалната ориентација “, изјави Гаури ван Гулик, заменик директор за Европа во Амнести интернешнал, додавајќи дека Македонија оди спротивно од европскиот бран на легализација на истополните бракови. Амнести ја повикува Македонија да ги повлече дискриминаторските закони.

XS
SM
MD
LG