Достапни линкови

logo-print

Обама: сенката на кризата помина


Во годишното обраќање до нацијата, американскиот претседател Барак Обама изјави дека по години на војна и рецесија, сенката на кризата помина и оти состојбата на нацијата е силна. Тоа беше прво обраќање на Обама во Конгрес во кој и Сенатот и Претставничкиот дом се под контрола на републиканците кои победија на изборите во ноември лани. Тој побара од сите членови на Конгресот да работат заеднички и да ги избегнат партиските кавги. Во врска со надворешната политика, претседателот Обама повика и на, како што рече, „помудро американско лидерство“, односно комбинација на воена сила и силна дипломатија. Обама вети неуморна борба против терористите „од Пакистан до улиците на Париз“ и побара од Конгресот да ги усвои новите воени овластувања против милитантите на Исламската држава. Тој оцени дека меѓународните санкции врз Русија по анексијата на Крим и конфликтите во источна Украина и наштетиле на Москва.

XS
SM
MD
LG