Достапни линкови

Продолжение на седницата на парламентот за уставните измени


Македонскиот парламент денеска ќе ја продолжи седницата на чиј дневен ред е утврдување на предлог уставните амандмани. Вчера пратениците го утврдија предлог-амандманот кој се однесува за бракот, амандманот за меѓународните финансиски зони, потоа предлог амандманот со кој се менува називот на Народната банка на Република Македонија во Банка на Република Македонија. Тие го утврдија и амандманот со кој Државниот завод за ревизија станува уставна категорија. Собранието ја заврши и расправата за амандманот на Уставот, со кој се одредува дефицитот на Буџетот на Македонија да не може да го надмине прагот од три проценти, а јавниот долг да не може да биде поголем од 60 проценти од бруто домашниот производ.

XS
SM
MD
LG