Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а на планините со слаб снег. По котлините ќе има магла и ниска облачност, а во некои котлини со намалена видливост. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од четири до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко, претпладне со магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до седум степени.

XS
SM
MD
LG