Достапни линкови

Турската влада да може да блокира интернет-страници без судска одлука


Илустрација.

Илустрација.

Турскиот премиер и министри ќе имаат право да блокираат интернет-страници без судска одлука врз основа на „заштита на јавниот ред“, согласно предлог-законот поднесен во Парламентот од пратеник на владејачката Партија на правдата и развојот. Премиерот и министрите ќе можат да побараат од Дирекцијата за телекомуникации да ги блокира интернет-страниците или да отстрани одредени содржини во рок од четири часа, повикувајќи се на заштита на националната безбедност, заштита на јавниот ред или спречување на криминал.

Друг закон, со кој Дирекцијата за телекомуникации имаше слични права, беше изгласан од Парламентот на 10 септември 2014 година. Тоа предизвика протести на групите за заштита на правата на корисниците на интернет, а најголемата опозициска Републиканско народна партија на 15 септември побара од Уставниот суд да го поништи законот бидејќи дополнително го ограничува користењето на интернет во Турција и ја засилува контролата врз него.

XS
SM
MD
LG