Достапни линкови

logo-print

Шиитските бунтовници ја зазеле претседателската палата во Јемен


Јеменските сили блокираат мост кој води кон претседателската палата во Сана.

Јеменските сили блокираат мост кој води кон претседателската палата во Сана.

Јеменските власти соопштија дека шиитските бунтовници Хаути ја гранатирале резиденцијата на претседателот и упаднале во претседателската палата во главниот град Сана. Министерката за информации, Надиа ал-Сакаф, на Твитер објави дека попладнево домот на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади бил нападнат од вооружена група.

Се верува дека претседателот бил во резиденцијата.

Ова е најнова ескалација на насилствата во земјата, кои почнаа вчера и кои според многумина се обид за државен удар.

Командант на јеменската армија изјави дека бунтовниците ги ограбуваат магацините со оружје во претседателската палата.

Хаутите ја презедоа контролата врз Сана во септември, откако почнаа да излегуваат од нивните упоришта во северен Јемен.

XS
SM
MD
LG