Достапни линкови

Закажана нова министерска средба за источна Украина во Берлин


Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер соопшти дека тој и неговите колеги од Украина, Русија и Франција ќе се сретнат утре во Берлин во обид да ја смират ескалацијата на конфликтот во Украина.

„Главна цел сега е да се спречи натамошно влошување на воениот конфликт и да се обноват политичките напори меѓу Киев и Москва. Ова е вредно за секој труд“, се наведува во соопштението.

Четворицата министри последен пат се сретнаа во Берлин на 12 јануари.

Борбите во источна Украина се засилија во изминатите неколку дена.

XS
SM
MD
LG