Достапни линкови

ЕУ ја отвора можноста за договор за асоцијација со Ерменија


Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, ја отвори можноста ЕУ и Ерменија да потпишат договор за асоцијација без компонентата за слободна трговија. Зборувајќи по средбата со ерменскиот министер за надворешни работи Едуард Налбандијан, Хан рече дека ЕУ „треба на најдобар начин да го искористи постоечкиот договор за асоцијација кој го испреговаравме и го чуваме за во иднина“ и додаде дека спогодбата треба да „биде прилагодена за да го одрази новиот контекст“, но оти се надева дека политичкиот дел ќе биде зачуван.

ЕУ и Ерменија ги почнаа преговорите за договорот, вклучувајќи го и делот за слободна трговија, во 2010 година. Ереван беше подготвен да го потпише, но владата се откажа од таквите планови кон крајот на 2013 година и се одлучи да се приклучи кон Евроазиската економска унија предводена од Москва.

Грузија, Молдавија и Украина потпишаа договори за асоцијација со ЕУ, вклучително и договорот за слободна трговија.

XS
SM
MD
LG