Достапни линкови

Попуст на руски гас за Украина до крајот на март


Директорот на рускиот енергетски гигант Газпром, Алексеј Милер, изјави дека попустот за Украина, односно „зимските цени“ за природен гас, завршува на 1 април. На средбата со рускиот премиер Дмитриј Медведев, Милер денеска рече дека цените за гас за Киев ќе бидат формирани во согласност со долгорочниот договор. Тој не прецизира цена, но Газпром претходно ѝ наплаќаше на Украина по 485 долари за 1000 кубни метри гас според договорот од 2009 година, кој Киев долго време се обидува да го промени. Русија ја намали цената кон крајот на 2013 година, како награда за Киев за укинување на спогодбата за асоцијација со ЕУ, но по соборувањето на поранешниот претседател Виктор Јанукович во февруари минатата година, повторно ја покачи. На 30 октомври, Русија и Украина со посредство на ЕУ постигнаа договор според кој Киев ќе плаќа по 378 долари за 1000 кубни метри гас до крајот на 2014 и по 365 американски долари во првиот квартал од 2015 година. Милер исто така рече дека Украина ѝ должи на Русија 2,44 милијарди долари за гас.

XS
SM
MD
LG