Достапни линкови

logo-print

СИРИЗА ќе ги прекине мерките за штедење


Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

Главната грчка опозициска партија СИРИЗА, во случај на победа на парламентарните избори на 25 јануари, ќе се откаже од мерките за штедење во корист на сопствената програма за враќање на државниот долг, изјави лидерот на партијата Алексис Ципрас во интервју за локалната телевизија „Антена“, јави ТАСС.

Строгите мерки за штедење не потекнуваат од основачкиот договор на ЕУ, изјави лидерот на СИРИЗА. Затоа ние сметаме дека е потребно развивање на сопствена програма за постигнување на балансиран буџет, истакна Ципрас.

Тој, исто така, нагласи дека Грција ќе ги исполнува обврските преземени со договорот за основање на Европската унија.

„Ние ги почитуваме нашите институционални обврски во рамките на ЕУ“, нагласи тој.

Според Ципрас, во случај на победа на изборите, СИРИЗА ќе почне суштински преговори со доверителите на државниот долг, што моментално изнесува 322 милијарди евра.

Лидерот на левите радикали изрази увереност во победата на својата партија на претстојните избори. За СИРИЗА, прашањето не е дали ќе победи на изборите, туку во тоа дали ќе има апсолутно мнозинство во новиот парламент, изјави лидерот на опозицијата.

XS
SM
MD
LG