Достапни линкови

Русија и Иран ја прошируваат воената соработка


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Русија и Иран потпишаа договор за проширување на воената соработка за време на посетата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на Техеран. Шојгу и неговиот ирански колега Хосеин Дехкан денеска го потпишаа документот. Шојгу рекол дека договорот вклучува проширување на соработката против тероризмот, размена на воен персонал заради обука и овозможување на морнариците на едната земја почесто да ги користат пристаништата на другата, пренесуваат руските новински агенции.

Дехкан рече дека се согласиле за потребата за унапредување на соработката за да се спречи „мешање на надворешни сили во регионалните прашања“.

Министрите не ги споменаа потенцијалните договори за оружје или контроверзите во врска со договорот за испорака на руски противвоздушни ракети С-300 за Иран. Имено, во 2007 година двете земји потпишаа договор за купопродажба на ракетите, но Русија не ги испорача поради противењето од страна на САД и Израел.

XS
SM
MD
LG