Достапни линкови

Абе - Заканата од Исламската држава е „непростлива“


Israel -- Japanese Prime Minister Shinzo Abe holds a news conference in Jerusalem, January 20, 2015

Israel -- Japanese Prime Minister Shinzo Abe holds a news conference in Jerusalem, January 20, 2015

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека заканата од милитантите на Исламската држава дека ќе убијат двајца јапонски заложници е „непростлива“. Зборувајќи на денешната прес-конференција во Ерусалим, Абе побара Исламската држава веднаш да ги ослободи двајцата мажи. Во видео снимката објавена денеска, организацијата се закани дека ќе ги убие заложниците, ако за 72 часа не им бидат исплатен откуп од 200 милиони евра. Човекот што се појавува на снимката ја критикува јапонската поддршка за меѓународната коалиција за борба против Исламската држава предводена од САД.

XS
SM
MD
LG