Достапни линкови

Повеќе енергија и идеи за решавање на спорот со Грција


Потребно е повеќе енергија и идеи за решавање на спорот со Грција и работа на билатерален план, не само на ниво на влади, туку и на ниво на граѓански општества, на научници историчари кои треба да дојдат до заеднички решенија, изјави летонскиот амбасадор Алберт Сарканис, кој денеска во Скопје ги претстави приоритетите од летонското претседавање со ЕУ за периодот јануари-јуни 2015.

„Никој од страна не може на маса да ви стави нешто што вие треба заеднички да го сработите. Не е во самата природа на ЕУ да ви налага, ова мора да го направите на тој начин“, рече Сарканис на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Аиво Орав.

Тој рече дека Македонија мора да работи на реформите и оти нејзината иднина е во ЕУ.

XS
SM
MD
LG