Достапни линкови

Орав: ЕУ внимателно го следи случајот Кежаровски


ЕУ го следи случајот Кежаровски одблизу и многу внимателно, но не коментира поединечни случаи, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав. Тој додаде дека ставот во однос на слободата на медиумите Брисел го изнесе детално во есенскиот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија.

„Кажавме јасно што треба да се направи за да се подобрат состојбите во оваа област“, рече Орав на заедничката прес-конференција со летонскиот амбасадор Алберт Сарканис.

XS
SM
MD
LG