Достапни линкови

Мета - односите меѓу Албанија и Македонија клучни за регионот


Односите меѓу Албанија и Македонија се клучни и стратегиски за целиот регион. Сите политички сили, како во Тирана, така и во Скопје имаат одговорност и задача да ги конкретизираат и да ги унапредат, удвојувајќи го нашиот заеднички ангажман. Ова го истакна претседателот на албанскиот Парламент, Илир Мета денеска во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание.

- Албанија и Македонија, Албанците и Македонците, исто како и Грците, Србите, Црногорците, Бошњаците и Хрватите, живеат со векови на еден заеднички географски простор, и треба да ги споделуваат заедничките стратешки интереси и да ги употребат сите инструменти на повеќепланска соработка за нашата заедничка цел - иднина во Европската унија, рече Мета.

XS
SM
MD
LG