Достапни линкови

Собранието ќе гласа за предлог уставните амандмани


Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 30 седница на која треба да се изјасни за осумте предлог-амандмани на Уставот. Пратениците најнапред ќе гласаат за утврдување на предлозите за што е потребно обично мнозинство, а потоа со 82 гласа односно двотретинско мнозинство ќе се гласа поединечно за секој од предложените амандмани. Двотретинско мнозинство е потребно и за изгласување на Уставниот закон. Еден од предлог-амандманите се однесува на бракот, кој се дефинира како животна заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж. Предложен е и амандман со кој е предвидено Владата да ја утврдува фискалната политика во Република Македонија во рамки на утврдени фискални правила и тоа дефицитот на буџетот да не смее да надмине три отсто од БДП. Со предлог-амандманите се предвидува преименување на Народната банка на Македонија во Банка на Република Македонија, Собранието да го избира и разрешува Главниот ревизор, а Судскиот совет да го сочинуваат 15 члена.

XS
SM
MD
LG