Достапни линкови

logo-print

Лошите навики убиваат се повеќе луѓе во светот


Светската здравствена организација соопшти дека бројот на луѓето кои умираат прерано поради лошите животни навики постојано расте. Во најновиот извештај се наведува дека пушењето, алкохолот и претераното консумирање сол, шеќер и масти, но и недоволната физичка активност водат кон болести што секоја година во светот убиваат над 16 милиони луѓе. Во 2000 година овие фактори беа причина за умирање на 14 ипол милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG