Достапни линкови

Над десетина повредени во украински Харков


Во експлозија во близина на судот во украинскиот град Харков биле повредни 12 луѓе, од кои четворица потешко. Харков се наоѓа во источна Украина, но е далеку од зоната на конфликти во регионите на Доњецк и Луганск. Харков, Одеса и Мариупол, според посматрачите, биле клучни градови со оглед на тоа дека географски се блиску до регионите кои се под контрола на проруските сепаратисти. Во меѓувреме, украинските владини сили и проруските бунтовници ги продолжуваат борбите за контрола на аеродромот во Доњецк.

XS
SM
MD
LG