Достапни линкови

Протест против затворањето на Кежаровски


Македонските новинари за денеска најавија протест пред Апелациониот суд во Скопје против затворањето на новинарот Томислав Кежаровски кој во петокот по итна постапка беше спроведен во затворот во Шутка, на доиздржување на затворската казна од три месеци. Од Апелација, протестот ќе продолжи кон зградата на Владата. Организаторите велат дека единствена прифатлива одлука е ослободување на Кежаровски. Апелациониот суд преку соопштение изрази став дека повикот за протест против одлуката на судот е притисок врз судството. Затворањето на Кежаровски, кому Апелациониот суд му ја намали казната од 4,5 на 2 години, го осудија и меѓународните новинарски здруженија.

XS
SM
MD
LG