Достапни линкови

logo-print

Пратениците треба да се борат за правата на граѓаните


Илустрација.

Илустрација.

Во Македонија владее атмосфера во која не постои дијалог и дебата за суштинските проблеми, а се наметнуваат ставовите на партиите на власт, оценува поранешниот пратеник Изет Зеќири.

На политичката сцена во Македонија владее атмосфера во која не постои дијалог и дебата за суштинските проблеми, а се наметнуваат ставовите на партиите на власт. Поради тоа нема предизвик за поранешните политичари да се вклучат во политичките процеси, смета Изет Зеќири кој беше пратеник на партијата Националната Демократска Преродба од 2011 до 2013 година.

Јас не размислувам да се враќам и да влегувам пак во политичка трка во оваа ситуација во која се наоѓаме. Јас може на друг начин да помагам, преку сугестии, преку мојата професионална ангажираност, меѓутоа политички да се ангажирам многу ми е тешко во оваа ситуација, зошто нема амбиент и клима за такви луѓе и таков профил каков што јас мислам дека треба да биде политичар и пратеник во Собрание.

Тој остана запаметен како многу активен во работата на Собранието. Вели дека сега во законодавниот дом нема место за пратеници со работни навики како неговите - постојано да предлага закони и амандмани, да искаже несогласувања преку реплики и да поднесува прашања.

Илустрација.

Илустрација.

„Граѓаните не ги бират пратениците да бидат професионалци економисти, правници или политичари. Тој пратеник мора да се залага за сите закони да дискутира и да ги идентификува проблемите, одговорните за тие проблеми и да дава препораки како да се надминуваат тие проблеми во врска со предложените закони од страна на Владата“, вели поранешниот пратеник Изет Зеќири.

Зеќири вели дека нема смисла негово враќање во политиката, пред се поради тоа што граѓаните не му дале поддршка за градоначалник на Тетово на последните локални избори, но и поради актуелните политички текови.

„Јас не размислувам да се враќам и да влегувам пак во политичка трка во оваа ситуација во која се наоѓаме. Јас може на друг начин да помагам, преку сугестии, преку мојата професионална ангажираност, меѓутоа политички да се ангажирам многу ми е тешко во оваа ситуација, зошто нема амбиент и клима за такви луѓе и таков профил каков што јас мислам дека треба да биде политичар и пратеник во Собрание“, вели Зеќири, кој продолжи да биде професор на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Радмила Шеќеринска од СДСМ вели дека Зеќири е пример како реално поединец може да ги претставува и да се бори за правата на граѓаните во парламентот, без некоја посилна политичка позадина.

„Тој покажа дека како пратеник од мала партија, без пратеничка група сепак можеш да им направиш впечаток на луѓето и да им покажеш дека политичарите можат да работат во нивна полза. Кога би имале повеќе пратеници кои се трудат тоа да го направат, да работат за граѓаните кои ги избрале, да дебатираат вистински а не само да гласаат послушнички убедена сум дека ова ќе биде мног подобра држава“, рече Шеќеринска.

Сите активности во Собранието на Изет Зеќири, ќе останата запаметени во една публикација која поранешниот пратеник ја издаде за да остави белег од двегодишниот мандат во законодавниот дом.

XS
SM
MD
LG