Достапни линкови

Могерини - Ситуацијата во Украина „многу полоша од минатата недела“


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, рече дека ситуацијата во Украина „е многу полоша од минатата недела“. Таа ова го изјави денеска по разговорите со министрите за надворешни работи на земјите-членки во Брисел. Могерини ја отфрли можноста за олабавување на санкциите на ЕУ против Русија, пред Москва целосно да го имплементира мировниот договор од Минск.

Во меѓувреме, Амнести интернејшнал соопшти дека ескалацијата на судирите во источниот дел на Украина на 18 јануари резултираше со смрт на голем број цивили, меѓу кои и деца, и ги доведе во голема опасност животите на луѓето. Во соопштението се наведува дека про-руските сепаратисти ги користат густо населените области за таму да почнуваат воени операции, а украински војници возвраќаат со тешка артилерија во тие области.

Борбите се интензивираа во текот на изминатиот викенд, откако украинските војници се обидоа да ја повратат целосната контрола врз аеродромот во Доњецк и околните области.

АИ ги повика двете страни да престанат да ги користат населените места за воени операции.

XS
SM
MD
LG