Достапни линкови

Обвинителство: Вранишковски може во иднина да врши кривични дела


Откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се пишмани за ослободувањето на архиепископот Јован Вранишковски од ПОА, денеска соопшти дека тие претходно утврдиле дека барањето за условен отпуст е законито, но оти истовремено не се откажале од правото на жалба.

Обвинителството соопшти дека смета оти „се променети околностите кои укажуваат дека осудениот може во иднина да врши кривични дела и со тоа нема да ја оправда довербата која му е дадена со условниот отпуст, па затоа во законскиот рок се поднесе жалба против решението на судот, а која жалба ќе се цени во повисокиот суд“.

Основниот суд Скопје претходно одлучи да го уважи предлогот на директорот на затворот Идризово за условен отпуст на владиката од ПОА. На 12 јануари обвинителството соопшти дека се исполнети законските услови со предлогот за условен отпуст, но денеска одлучи да ја обжали одлуката.

XS
SM
MD
LG