Достапни линкови

logo-print

Русија го предупредува Киев против употреба на сила


Рускиот заменик министер за надворешни работи, Григориј Карасин.

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Григориј Карасин.

Русија соопшти дека Киев се обидува да ја реши кризата во источна Украина со воена сила и оти тоа може да доведе до „неповратни последици за украинската државност“. Заменик министерот за надворешни работи Григориј Карасин ова го кажа денеска за новинската агенција Интерфакс, во време кога Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за игнорирање на апелите да се почитува прекинот на огнот.

Украинската армија соопшти дека околу 700 руски војници утринава влегле во Украина за да ги поддржат проруските сепаратисти.

Украинските владини сили и сепаратистите се борат за контрола врз аеродромот во Доњецк.

Украинската војска тврди дека ја презела контролата врз речиси сите делови на руинираниот аеродром, кој минатата недела беше заземен од бунтивниците.

Сепаратистичкиот лидер Александр Захарченко, пак, рече дека пропаднале сите обиди на украинската армија за заземање на аеродромот.

XS
SM
MD
LG