Достапни линкови

logo-print

Јункер: Независно од изборите Грција целосно да ги плати долговите


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Грција независно од резултатите на предвремените избори овој месец, треба целосно да ги исплати своите долгови и да продолжи да ги спроведува договорените реформи, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рече дека обидите на главната опозициска партија во Грција, радикалната левица СИРИЗА, да отпише дел од државниот долг на земјата, ќе имаат последици во однос на довербата на кредиторите.

На 25 јануари во Грција ќе се одржат предвремени парламентарни избори, на кои според досегашните анкети веројатен победник е СИРИЗА.

Претходно, лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас изјави дека доколку победи ќе инсистира од кредиторите за големо отпишување на долгот на земјата.

Владата на премиерот Андонис Самарас се обидува да ги убеди Грците дека плановите на СИРИЗА за отпишување на долгот ќе ја доведат земјата до банкрот.

XS
SM
MD
LG