Достапни линкови

Почина ранетото ерменско бебе од руски војник


Ерменското министерство за здравство соопшти дека денеска починало шестмесечното бебе што беше рането во нападот во кој беа убиени шестмина членови на едно семејство во близина на руска воена база во градот Гјурми минатата недела. Момчето беше единствениот преживеан од нападот извршен од 19-годишен руски војник, кој беше уапсен на 13 јануари. Убиствата предизвикаа бран протести во Ерменија со барање на осомничениот, кој ги признал убиствата, да му се суди во Ерменија, а не во Русија.

XS
SM
MD
LG