Достапни линкови

logo-print

Најбогатите 1 отсто поседуваат половина од вкупното светско богатство


Добротворната организација за борба против сиромаштијата Оксфам интернејшнал од Велика Британија соопшти дека најбогатите 1 отсто од населението ќе поседуваат повеќе од половина од вкупното богатство во светот до 2016 година. Во извештајот објавен денеска, организацијата наведува дека најбогатите 1 отсто минатата година поседувале 48 отсто од светското богатство, за разлика од 2009 година, кога поседувале 44 отсто.

Извештајот беше објавен во пресрет на Светскиот економски форум во Давос кој се одржува оваа недела.

Според сегашните трендови, Оксфам проценува дека до крајот на годината, најбогатите 1 процент од населението ќе поседуваат над половина од светското богатство.

Оксфам предупредува дека растечката нееднаквост ја спречува борбата против глобалната сиромаштија.

Според организацијата, повеќе од половина од богатството што не е во рацете на најбогатите 1 процент, им припаѓа на најбогатите 20 проценти.

XS
SM
MD
LG