Достапни линкови

logo-print

Протести во Авганистан против карикатурите на Пророкот Мухамед


Неколку стотици луѓе протестираа во источен Авганистан против објавувањето на карикатури на Пророкот Мухамед во францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо. Демонстрантите запалиле француско знаме и скандирале „Смрт за Франција“ за време на протестите во главниот град на провинцијата Нангарар, Џалалабад. Тие исто така побараа затворање на француската амбасада во Кабул и француската влада да им се извини на муслиманите.

XS
SM
MD
LG