Достапни линкови

Обвинителот што ја обвини аргентинската претседателка пронајден мртов


Аргентинскиот обвинител, Алберто Нисман.

Аргентинскиот обвинител, Алберто Нисман.

Аргентинскиот обвинител, Алберто Нисман, кој ја обвини претседателката Кристина Фернандез за вмешаност во заговор за прикривање на наводната улога на Иран во најлошиот терористички напад во земјата, е пронајден мртов. Властите соопштија дека телото на Нисман било пронајдено вчера со прострелна рана во бањата во неговиот стан. Тој го истражуваше бомбашкиот напад врз Еврејскиот центар во Буенос Аирес од 1994 година, во кој беа убиени 85 луѓе.

Минатата недела тој рече дека Фернандез и други официјални претставници отвориле таен канал за осомничените Иранци да ја напуштат земјата. Нисман требаше да приложи докази за овие негови тврдења на конгресното сослушување закажано за денеска.

Портпаролот на претседателката ги отфрли овие наводи како „смешни“.

Аргентинските обвинители го обвинија Техеран за планирање и финансирање на нападот, кој, според нив, го извршила либанската милитантна организација Хезболах. Иран ги отфрли овие обвинувања како „неосновани“.

XS
SM
MD
LG