Достапни линкови

logo-print

Могерини повика на широка алијанса против тероризмот


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, повика на широка алијанса против тероризмот која ќе ги вклучи и муслиманските земји, по терористичките напади во Франција. Таа ова го предложи денеска во пресрет на разговорите со министрите за надворешни работи на земјите-членки во Брисел на кои треба да присуствува и генералниот секретар на Арапската лига. Таа рече дека е потребна поголема соработка со муслиманските земји, но и внатре во ЕУ.

Нападите во Париз од 7 до 9 јануари извршени од исламистички милитанти, како и рациите против осомничени исламисти во Европа во деновите потоа, ги зголемија стравувањата од потенцијална закана од европските граѓани кои се враќаат од боиштата во Сирија и во Ирак.

Сериозно затегнатите односи со Русија исто така се на агендата на разговорите, кои делумно се подготовка за Самитот на ЕУ во февруари.

XS
SM
MD
LG